Во тешката сообраќајна несреќа, која синоќа се случи на патот Штип-Кочани повредени се три лица, од кои едно женско лице на возраст од 30 години од Штип со тешки телесни повреди е хоспитализирана во Клиничкиот центар во Скопје.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во несреќата, која се случи кај Чифличка крстосница во 20:45 часот, повредени се тројцата возачи, кои учествувале во несреќата.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска потврдува дека синоќа е примено женско лице, но веднаш со тешки телесни повреди е транспортирана во Клиничкиот центар во Скопје.

Сообраќајот на оваа делница синоќа беше во прекин во двата правца, додека траеше увидот. Инаку, оваа крстосница е позната црна точка на патот Штип- Кочани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.