Дваесет и петгодишниот скопјанец О.М. вчера во 20.35 часот е лишен од слобода во реонот на Бит-пазар, откако бил затекнат при извршување кривични дела „тешка кражба“.

Како што соопшти МВР, него го привеле полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Центар и Бит пазар.

Со употреба на сила и подесен алат, тој од подрумски простории од зграда одзел разновидни предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 58.500 денари. Пријавениот бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, а украдените предмети се вратени на оштетените, информира Министерството за внатрешни работи.

По целосното документирање на случајот, наведува МВР, ќе следува кривична пријава за извршени седум кривични дела „тешка кражба“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.