Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, откако во него удрил автомобил „ауди“, соопшти СВР Куманово.
Во 20.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во населба Карпош, патничко моторно возило „ауди”, управувано од Н.Т.(22) од село Добрача, Старо Нагоричане, удрило во пешакот З.Ѓ. (59) од Куманово. Во незгодата пешакот З.Ѓ. починал на самото место, соопшти полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.