Жена-пешак загина вчера во Кичево.

Како што соопшти МВР,  во 18.15 часот било пријавено дека во Кичево на ул.„Кузман Јосифоски-Питу” автомобил „фолксваген туран” управувано од М.С.(20) од Кичево удрил во Д.Ц.(79) од Кичево, а потоа во паркирано „ауди”.

Во несреќата на местото на настанот починала Д.Ц., а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.