Ноќва околу 01.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола, во близина на Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(58) од Битола и патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(20) од Прилеп.
Во несреќата возачот Д.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.