Секторот за внатрешни работи – Охрид поднесе кривична пријава против лицето М.У. (20) од Скопје, осомничено дека е подметнувач на пожарот во кој целосно изгоре угостителски објект во зградата на Градскиот пазар во Охрид.
Според полициското соопштение, осомничениот на 10-ти овој месец во 03:40 часот, со уште едно лице со запалива течност го предизвикал пожарот во објектот на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
На М.У. му е одреден притвор од 30 дена. Осомничениот е префрлен во Казнено – поправната установа „Затвор“ – Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.