Две лица се повредени вчера во Тетово откако возилото марка „БМВ“, со кое се возеле, се превртело на покривот. Настанот се случил околу 19 часот на булеварот „Маршал Тито“.

Во Тетово, во близина на Културен дом, патничко возило „БМВ со тетовски регистерски таблици управувано од лицето Л.Ш. (18) од тетовско Ларце, изгубил контрола над возилото и се превртел на покрив. Според првичните информации во незгодата со тешка повреда (фрактура на прсти од рака) се здобил сопатникот В.И.(26) од истото село, додек возачот Л.Ш. поминал со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово, информираше СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.