На 30.05.2023 околу 02.30 часот, полициски службеници на СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(21) од Скопје.

Тој се сомничи дека околу 20.00 часот на 29.05.2023 на ул.„Мирче Ацев“, заедно со Б.П.(21) од Скопје со употреба на сила внеле во возило 17-годишна малолетничка од Скопје , со која Б.П. бил во љубовна врска, а набргу потоа Б.П. и малолетничката се симнале од возилото и заминале, информира МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.