Десетина минути по полноќ ноќеска во гостиварски Градец, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар запреле патничко моторно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на лице од гостиварска Долна Бањица, а што го управувал 16-годишен малолетник од Скопје.
Притоа било констатирано дека малолетникот на 25 ноември 2020 година бил пријавен дека се оддалечил од домот.
Тој бил предаден на претставник од Центарот за социјални работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.