Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за возач почетник…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.