Ноќеска во 01.30 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници од Полициското одделение Чегране лишиле од слобода 13 лица од Чегране и едно лице од Гостивар.

Како што соопшти СВР Тетово, тие околу 20.30 часот во близина на селото организирале излет и се сомничат дека пукале од огнено оружје, а еден заталкан куршум ја повредил 52-годишната Р.Ф., која била во двор во селото.

Таа била пренесена во Ургентен центар Гостивар каде и била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.