Тренерот на Барселона, Чави, смета дека работата во Барса не вреди за проблемите што ги носи. По поразот од Виљареал со 3:5 на крајот на јануари, Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.
– Си заминувам затоа што поминав две и пол години на оваа позиција и сфатив дека не вреди да се биде тренер на Барселона. Јас така мислам. Секојдневно се бориш против се, тоа е исцрпувачко. Не можете да уживате во животот. Видов како тренерите во овој клуб трпеа и доживуваа тешкотии, дури и кога победуваа. Некои од нив ја освоија Лигата на шампионите, но сепак беа на „сослушување“. Во други земји – Англија, Германија или Италија – можете да уживате во тренерската работа, истакна Чави.
Барселона по 22 одиграни натпревара во Ла Лига има 47 бодови и се наоѓа на 4. место.Пред Каталонците се Реал Мадрид со 57, Жирона со 55 и Атлетико Мадрид со 47 бодови.
Вечерва од 18:30 часот Барса му гостува на Алавес во дуел од 23. коло на Шпанското фудбалско првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.