Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six.

Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес.

До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “.

Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“.

За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.