Познатиот шпански готвач Џорди Круз, сопственик на ресторанот „ABaC“ во Барселона, кој има три Мишелин ѕвезди, раскажува како Бил Гејтс ги оставил без зборови него и вработените.
Пред неколку години, Бил Гејтс дојде во ресторанот. Со него дојдоа неговите 25 телохранители, придружба… Бил изнајми цел ресторан само за нив, а ние ја подготвивме најдобрата храна. И што направи? Нарача диетална кока-кола, стана и отиде со својот авион, изјави готвачот во една ТВ емисија.
На повтореното прашање на водителот за тоа што нарачал, готвачот одговори:
Ништо, рече Круз и додаде дека поради Гејтс ги прекинал резервациите во ресторанот на два дена.
Потегот на Гејтс навистина го налутил.
Дали навистина треба да затворите цело место за да пиете кока-кола?, праша тој.
Инаку, менито за дегустација во ресторанот „ABaC“ чини 295 евра.
Гејтс е познат по годините на залагање за поодржлив систем на храна. Поддржува алтернативни брендови за месо како што се „Beyond Meat“, „Impossible Foods“ и „Upside Foods“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.