Прекинато водоснабдување од 10.10 часот денеска ќе имаат корисниците од неколку улици во општина Гази Баба поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 100мм на улица „Сава Михајлов“ 13-1.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Сава Михајлов“, „Радован Ковачевиќ“, „Томас Минцер“, „Тодор Чопов“, „Фрушкогорска“, „Орово“, „Христофер Жефаровиќ“, „Спиро Црне“, „Катлановска“, „Кавадарска“, „Пролетна офанзива“, „Кожув“, „Неготинска“, „Надбискуп Чекада“ и „Трајко Китанчев“.
Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.