Радоје Звицер, пребегнатиот водач на Кавачкиот клан, се обидел преку своите врски во црногорската полиција да договори дозвола за носење оружје на неговата сопруга Тамара, но и да го избрише нејзиното име од полицискиот список на лица од безбедносен интерес, според документите кои истражителите од Црна Гора ги добиле од нивните колеги од Европол.
Во пресретнатата комуникација на Скај, чии транскрипти им ги достави Европол на нивните црногорски колеги, има пораки меѓу лидерот на кавачкиот клан и полицаецот Петар Лазовиќ, кој сега е во притвор во Спуж. Пораките наводно датираат од ноември 2020 година откако Радоје Звитер преживеа обид за атентат во Киев во мај истата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.