На социјалните мрежи се појави видео кое во најмала рака ги вознемири сите оние кои го видоа.

На гореспоменатото видео, неидентификувана жена може да се види како оди на прозорецот на висока зграда за да ги чисти прозорците стоејќи на работ од ѕидот и потпирајќи се на него. Инаку, се работи за 11-ти кат од облакодер.

Сите кои ја виделе оваа глетка биле преплашени, но изгледало дека оваа жена воопшто нема страв за својот живот.

За многу кратко време видеото привлече големо внимание и огромен број коментари, а сите најмногу се сложија дека нема причина да се изложува на таков ризик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.