Зетот на на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, објави четири фотографии од проектите што ќе ги реализира во Србија и Албанија, откако ја најави својата инвестиција во недвижен имот на Балканот. Според досегашните информации, тој планира да инвестира милиони во проекти во Србија и во Албанија.
Едната инвестиција се однесува на развој на остров во близина на брегот на Албанија, додека другиот проект се однесува на луксузен хотел во Србија, кој ќе се состои од 15.000 станбени единици.
Excited to share some early design images for development projects we have been creating for the Albanian coast and downtown Belgrade. @nytimes @business pic.twitter.com/o0HIYLkZWV
— Jared Kushner (@jaredkushner) March 15, 2024
Детали од проектот се објавени во напис во „Њујорк тајмс“, а ги откри и српскиот претставник Александар Јовановиќ, кој рече дека министер во Владата на Србија е задолжен за потпишување меморандум за разбирање со две компании поврзани со Доналд Трамп.
Медиумите од регионот веќе пишуваа дека Кушнер е исто така поврзан со фирмата која треба да изгради хотел врз разрушениот генералштаб во Белград, зграда која беше бомбардирана во 1999 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.