Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа Петриња во Хрватска, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Според истиот извор, земјотресот го стресе тлото во Банија во 12:33 часот, а епицентарот бил на 14 километри југозападно од Петриња, на длабочина од пет километри.
Читателите на сервисот EMSC напишаа: „Силно татнеше“, „Долго се тресеше, дури и надвор на терасата“. „Кучето беше многу исплашено. Цела куќа се заниша“, „Ѕвонеа садовите. Многу непријатно чувство“, се дел од искуствата на жителите на Петриња и околината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.