Околу 16 часот и 30 минути уште еден силен земјотрес ја потресе источна Турција.
Како што информираат од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, регистриран е земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил на 63 километри од Малатаја, а засега нема информации за евентуални жртви и материјална штета.
Спасувачите се уште деноноќно трагаат по преживеани под урнатините.
Бројот на загинати во разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија се искачи на 33.179, според последните официјални податоци.
За потсетување, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека повеќе од 141.000 спасувачи се распоредени на теренот во 10 турски провинции погодени од земјотресот.
– Имаме повеќе од 141.000 луѓе, вклучително и странски тимови, кои работат на терен во 10 провинции. Агенцијата за управување со катастрофи и другите институции нудат шатори, контејнери и монтажни згради за брзо задоволување на потребите на ранливите, рече Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.