Во Бугарија денеска почна националниот протест на земјоделскиот сектор. Во него ќе учествуваат близу 25 организации, а причина за тоа е одлуката за укинување на забраната за увоз на жито од Украина.
На демонстрациите ќе учествуваат производители на овошје и зеленчук, како и пчелари. Главните патишта и граничните премини се очекува да бидат затворени. Има повеќе од 35 пунктови каде се собираат незадоволните, а нивните барања се да се продолжи забраната и да се добијат дополнителни средства од државата.
Министерството за внатрешни работи ги мобилизира сите свои ресурси за заштита на протестите во државата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.