Драматични снимки пристигнуваат од Грција, особено од областа Волос и Пилион, каде поради поплавата многу автомобили завршија во морето.

Забрането е движење со возила, освен итните служби и возилата за помош на пат, и ќе остане во сила додека не се смири невремето, соопшти полицијата.

Сепак, некои возила беа однесени во морето од поројните струи.

Драматичната снимка е објавена на социјалните мрежи.

Големи делови од градот Волос се под вода, куќи и продавници се поплавени, а патиштата се претворија во бесни реки.

Репортерот на државната телевизија ЕРТ рече дека во некои области водата достигнала висина од еден метар.

Противпожарната служба добила десетици повици за испумпување на вода во Волос, Пелион и Неаполи. Критично е во близина на селото Агиос Јоанис.

Загриженоста е голема, бидејќи овој простор изгоре во јулските пожари.

Властите исто така испратија предупредување до мобилните телефони во неколку други области во централна Грција, синџирот острови Споради и островот Евија, предупредувајќи ги луѓето да го ограничат движењето на отворено поради невремето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.