Белграѓанката Ј.М.(27), која неодамна се омажи во Забела за Сретко Калиниќ, главниот убиец на злогласниот Земунски клан кој одлежува казна од 40 години, е полна со љубов кон својот сопруг.
„Не ми пречи што Сретко е убиец и не ме интересира неговото минато. Среќна сум со него и сакам да му ги олеснам деновите во затвор“.
Таа вели дека бракот зад решетки со убиецот функционира перфектно а во Калиниќ ја „нашла својата сродна душа“.
Нашата врска започна кога тој ми ја испрати својата прва книга со посвета, по што се слушнавме и одржувавме контакт. Подоцна ми испрати дел од неговите наоди да погледнам, бидејќи јас сум здравствен работник, и така започна се, редовно разговаравме, се допишувавме… Се на се, кликнавме на прво и продолжува од јули минатата година, а врската ја крунисавме со брак – вели Ј.М.
На прашањето дали и пречи застрашувачката репутација на ладнокрвен убиец на Сретко, како и големата разлика во години, Ј.М. признава дека тоа е „тешка ситуација“.
– Сепак, во се го имам неговото целосно разбирање и целосна поддршка. Тоа не ме ограничува во апсолутно ништо. Работиме добро, колку и да им звучи чудно на луѓето. Секојдневно се слушаме, се допишуваме и се гледаме еднаш или двапати месечно.
Калиниќ во затворот напиша и книга а најави дека ќе прави и дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.