Еден месец пред парламентарните избори во Словенија, кои ќе се одржат во недела, на 24 април, официјално започна изборната кампања во која вечерва во ударните термини на телевизиските канали ќе се соочат првите претседатели на политички партии и граѓански листи.
Денеска на полноќ истекува рокот за пријавување кандидати за пратеници во 90-членото Народно собрание. Откако кандидатските листи ќе бидат доставени до Државната изборна комисија, таа проверува дали се поднесени согласно законот.
До 3 април треба да се утврди распоредот на листите во изборните единици со жрепка, а списоците се објавуваат до 4 април.
Едномесечната изборна кампања трае до 22 април на полноќ, кога почнува предизборниот молк.
Покрај парламентарните избори, годинава Словенците имаат и претседателски избори, на кои актуелниот претседател Борут Пахор не може да се кандидира по два последователни мандати, како и локални избори за општински совети и градоначалници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.