Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас смета дека Западот мора да го запре рускиот претседател Владимир Путин бидејќи, според неа, тој нема да запре на Украина.

Балтичките земји се во опасност… и Западен Балкан. Путин сето тоа го кажа јавно, дека сака да создаде Голема Русија, дека сака да се врати на ситуацијата која била порано, кога Русија имаше контрола врз огромни делови од Источна Европа, истакна Трас во интервју за Дејли мејл.

Таа верува дека Путин се обидува да ги обнови границите на Советскиот Сојуз и смета дека е важно западните сојузници да му се спротивстават.

Украина може да биде наредната недела, но која земја ќе биде следна?, праша Трас.

Шефицата на британската дипломатија додаде дека ако му се дозволи на Путин да ја нападне Украина, тој ќе продолжи да војува со соседните земји



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.