Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави дека привремените институции во Косово продолжуваат да ја дестабилизираат ситуацијата во јужната српска покраина со тоа што ги ограничуваат правата на српското население.

Изгледа како потсмев да се предложи да се склучи некаков меѓудржавен договор за тоа. Таканаречениот премиер на Косово, Албин Курти, продолжува со цинични уцени, со цел Белград да ја признае независноста на покраината. На секој чекор, САД и ЕУ се претставуваат како заштитници на демократските стандарди, а во овој случај замижуваат пред кршењето на основните права на косовските Срби. Тие едноставно не сакаат да стапат во контакт со нивните штитеници, Косовците, со што ги поттикнуваат на уште поагресивна србофобија, истакна Захарова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.