Како дополнителна алатка во борбата против комарците, Градот Загреб наскоро за прв пат ќе пушти 100.000 стерилни мажјаци – увезени од Италија.

Тоа значи дека ако се побројни, тие ќе ги оплодат женките, кои потоа ќе произведат јајца кои нема да доведат до потомство и на овој начин биолошки би го намалиле бројот на тигрести комарци присутни во една област“, ​​вели Ана Клобучар од Заводот за јавно сравство, пренесува Индекс.хр

Градот Загреб годинава одвои 384.000 евра за борба против комарците. Дел од овие средства се наменети и за едукација на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.