Во Подгорица, утре, во новата зграда на Академијата на науките и уметностите на Црна Гора, ќе се одржи втората заедничка седница на владите на Албанија и на Црна Гора.
Според прес службата на владиниот кабинет, по седницата ќе бидат потпишани повеќе меѓудржавни договори кои се значајни за унапредување на билатералната соработка.
Потпис ќе биде ставен на девет договори и меморандуми од областа на енергетиката, рибарството, заштитата на растенијата, социјалната заштита, спортот, културата и медиумите, одбраната, здравството, како и Договорот за отворање на заеднички граничен премин Свети Никола-Пулај.
Билатералните договори за изградба на мостот на реката Буна и оној за отворање на заеднички граничен премин Свети Никола – Пулај ќе ги потпишат премиерот Еди Рама и неговиот домаќин, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ. На останатите документи потпис ќе стават ресорните министри, јавија албанските медиуми.
По потпишувањето на договорите, предвидено е двајцата премиери да одржат прес-конференција.
Првата заедничка седница владите на двете земји ја одржаа на 3 јули 2018 година, во северниот албански град Скадар, со која претседаваа албанскиот премиер Рама и тогашниот црногорски премиер Душко Марковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.