Верувам дека обвинителството и полицијата си ја завршија работата како што треба и дека обвинението не го поднесоа без докази. Знаеме што сè дадовме на вештачење, што земаа од оние двајцата за вештачење. Сите заборавија дека кога се појави снимката од Виена рекоа :„Брате, се извлековме!“. Но, и покрај целата истрага, нивните изјави, признанието, сите и понатаму ме обвинуваат мене, нејзината мајка.

Вака Ивана, мајката на Данка Илиќ, која пред половина година беше наводно убиена, зборува за „Блиц“ по веста дека Вишото јавно обвинителство во Зајечар поднесе обвиение против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ за убиство на двегодишното девојче.

Таа вели дека никој не може да ја разбере болката што ја чувствува.

Што и да е, дури и да е најлошо, само сакам да знам каде е моето дете, да имам каде да одам и да му запалам свеќа, вели таа.

Додава дека во последните шест месеци минува низ пекол. Покрај загубата на детето и тоа што не знае што ѝ се случило, таа се грижи за својата безбедност, но и за безбедноста на другите две нејзини деца.

Една жена, мислам по потекло од Злот, која се дружи со Раде, таткото на Дејан Драгијевиќ, нè плука велејќи дека сум му направила нешто на детето во договор со државата. Вели дека моето дете е во Германија. Пишува страшни работи за нас. Загрижена сум за мојата безбедност, сите знаат каде живееме, каде ни е вратата, вели Ивана за „Блиц“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.