Претседателката на словенечката партија на Социјални демократи Тања Фајон ќе ја напушти функцијата пратеник во Европскиот парламент (ЕП) и ќе биде претседателка на Парламентот или министерка во Владата на Словенија, неофицијално дознава весникот Данас од дипломатски кругови.

Додека други словенечките медиуми објавија дека Фајон може да биде новата министерка за надворешни работи.

Сè уште не е познато кој ќе ја наследи Фајон во ЕП, каде што таа е пратеник од 2009 година. Фајон беше и претставник на ЕП во меѓупартискиот дијалог за изборните услови во Србија.

На словенечките парламентарни избори, одржани во неделата, партијата на Фајон освои 6,66 отсто од гласовите и седум од 90 пратенички места.

По изборите Фајон најави дека Социјални демократи ќе коалицираат со Движењето за слобода на Роберт Голоб, кое ќе има 41 пратеник во новиот парламент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.