Суд во Тирана стави крај на дилемата за тоа кој е претседател на опозициската Демократска партија(ПД), по тврдењата на поранешниот лидер Сали Бериша и неговите приврзаници, дека токму тие се оние кои имаат право да предложат кандидати за делумните предвремени избори за градоначалник во шест општини.

Во потврдата од судот стои дека во регистарот на партии како претседател на Демократската партија, која е запишана во регистарот на 19 декември 1990 година, е запишано лицето Љуљзим Баша.

До ЦИК партијата освен потврдата доставила и барање за запишување како избирачки субјект, како и список на лица кои ги пријавува за членови на општинските изборни комисии и избирачки одбори, во шесте општини, Скадар, Пешкопеја, Драч, Вора, Рогожина и Лушња.

Дополнителните предвремени избори ќе се одржат на 6 март а изборната кампања почнува на 19 февруари. Партиите од 6 до 9 февруари треба да поднесат предлози и соодветни документи за кандидатите со кои ќе учествуваат во трката за градоначалници



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.