Полицијата во Србија вчера имала 25 пријави за случаи во кои деца го имитирале 13-годишникот кој утрото пукаше во училиштето во Белград, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредната конференција во врска со терористичкиот напад што се случи синоќа кај Младеновац, во кој загинаа осум лица, а 14 беа ранети.

Од понеделник со сета тага и болка ќе мора да продолжиме да живееме и работиме. Но, треба да се менуваме и системски. Имаме 25 интервенции и 20 лажни пријави поради тоа што нашите деца имитираат убиец. Нашите полицајци не можат секого да уапсат, рече Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.