У.Б. (21) од Младеновац, Србија, кој се сомничи дека синоќа усмртил осум лица, а ранил 14, сам се предал на полицијата, во селото Вињиште, јавува „Н1“.

Како што неофицијално дознава овој српски портал, осомничениот дошол во селото кај вујкото, а уапсен е утринава, околу осум часот.

Според првичните информации, пред апсењето, У.Б. влегол во такси возило и го натерал таксистот да го одведе во селото кое е недалеку од Крагуевац.

У.Б. од синоќа беше во бегство, откако пукаше од автоматска пушка на соселаните и неколку села во општината Младеновац. Меѓу неговите жртви се и еден полицаец кој во тој момент не бил нан должност и неговата сестра. Најмладата жртва е родена 2008 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.