Според првите резултати од пописот на населението, домаќинствата и становите во 2022 година, во Србија живеат 6.690.887 жители. Со пописот се собрани и податоци за 2.520.854 домаќинства и 3.628.175 станови, соопшти Републичкиот завод за статистика.

Во однос на Пописот од 2011 година, вкупниот број на жители е намален за 495.975 луѓе или за 6,9% од населението. Намалување на бројот на жители е забележано во сите региони освен во белградскиот регион каде што бројот на жители е зголемен за околу 1,6%.

Во однос на податоците за домаќинствата и становите, не е забележана значителна промена во вкупниот број на домаќинства (зголемување од 1,33 отсто), додека вкупниот број на станови е зголемен за 12,26 отсто во однос на Пописот од 2011 година.

Најголем пораст на бројот на станови е забележан во белградскиот регион (18,55 отсто).

Пописот е спроведен од 1 до 31 октомври 2022 година. Во неколку поголеми градови собирањето податоци на терен беше продолжено до 7 ноември. Исто така, граѓаните кои од која било причина не биле пријавени, дозволено е телефонски да се пријават до 17 ноември 2022 година.

Пописот не е спроведен на територијата на Косово и Метохија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.