Бугарскиот Национален статистички институт (НСИ) ги објави резултатите од 18. попис на населението, според кои до до 7 септември 2021 година во Бугарија живееле 6.519.789 луѓе.
Според резултатите, жените се 3.383.527 (51,9 отсто), а мажите 3.136.262 (48,1 отсто).
Директорката на Управата „Демографска и социјална статистика“ при НСИ, Магдалена Костова изјави дека во периодот помеѓу двата пописа населението во Бугарија се намалило за 844.781 лице или за 11,5 отсто.
Резултатите покажуваат дека просечната годишна стапка на намалување на населението годишно се зголемила од 0,7 отсто во периодот 2001-2011 година на 1,2 во периодот 2011-2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.