Дури 40 платени убијци Албанци делуваат на територијата на Балканот, според сознанијата на криминологот Менсут Адеми.
– Оние кои плаќаат за убиства имаат за цел да ги сокријат своите траги и да имаат чисти раце, бидејќи сметаат дека лицето што го врши чинот на убиство во нивно име е професионалец, и нема да остави траги на местото на злосторството.
Тој откри и по која цена се нарачуваат убиства.
– Дваесет до педесет илјади долари, значи 15 до 45 илјади евра, но ова во моментов не важи на Косово, бидејќи е гето, има големи економски проблеми, нема економски развој – рече Адеми.
Албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, што се однесува до шверцот со оружје, во последниот извештај наведува дека постои растечки тренд на криминални групи кои нарачуваат огнено оружје во странство, главно од типот „пиштол“ и обезбедување експлозивни средства во Косово.
– Трговијата со оружје е уште една криминална активност, која главно ги придружува групите вклучени во трговија со дрога и кои се карактеризираат со висока употреба на насилство, стои во извештајот, јави Ора њуз.
Се додава дека употребата на експлозиви продолжува да биде едно од средствата што се користат за нарачани убиства.
– Во последно време се забележува растечки тренд на криминални групи кои во странство нарачуваат огнено оружје од типот „пиштол“. Се забележува и тенденција на раст на купување експлозиви во Косово, се наведува во извештајот на СПАК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.