– Не можам да кажам дека ова беше лесен момент, но не е ниту прв ниту последен и важно е да се однесуваме одговорно. Станува збор за големи политички, тектонски промени. По 10 години Србите ги напуштија институциите на Приштина – изјави вечерва во емисијата Хит Твит претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој изјави дека е важно луѓето да знаат низ што поминале луѓето таму во изминатите децении, но и во изминатите месеци.
– Во 1999 година практично го загубивме суверенитетот на Косово и Метохија, а во 2004 година почна погромот – рече Вучиќ и потсети на политиката „стандарди пред статус“, по што следеа убиства на Срби, а потоа Албанците биле, како што рече, наградени од Западот, со признавањето на еднострано прогласената независност.
Вучиќ изјави дека најголемата грешка што ја направи Србија е одлуката да ги премести преговорите со Приштина во ЕУ и дека со бриселскиот договор купиле 10 години мир.
Инаку, претставниците на Србите од северот на Косово и Метохија вчера по средбата во Звечан донесоа одлука дека поради последните потези на Приштина ги напуштаат сите политички институции – собранието и владата на привремената администрација во Приштина, како и четири општини на северот на Косово и Метохија и правосудните органи, полицијата и администрацијата.
Како што соопштија по средбата, одлуките остануваат во сила додека Приштина не почне да ги почитува договорите и меѓународното јавно право, т.е. додека не ја повлече едностраната одлука за пререгистрација на регистарските таблички и не формира Заедница на српски општини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.