Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека трговската размена меѓу Србија и Германија годинава ќе биде над седум милијарди евра.
Германија станува убедливо најважната земја за нас, рече Вучиќ по средбата со германската министерка за надворешни работи Анален Бурбок.
Како што истакна Вучиќ, во политичка смисла, позицијата на Србија никогаш не била потешка.
И се плашам, со сè што следи и со сè што имаме и во економска смисла. Досега успеавме да надминеме благодарение на тоа што имавме добри јавни финансии и добра и силна економија. Големата и важна вест е дека според блиц проценката во првиот квартал имаме раст од 4,3 отсто, рече Вучиќ.
Тој потенцираше дека во Европа нема инвестиции, и дека се три пати помалку од минатата година, секаде, бидејќи луѓето се вклучени во војна. Се разговараше и за енергијата и гасот.
За каква диверзификација да зборуваме? Ние ќе имаме можност дури за две години нешто да стигне до Србија, но прашање е што. Работиме на таканаречениот бугарски интерконектор, ние го работиме од наша страна. Бугарите допрва треба да распишат тендер, а потоа уште најмалку 300 дена да го изградат. Што да се донесе, од каде, не паѓа од небо. Германија има 55 отсто зависност од рускиот гас, ние имаме 100 отсто, како многу други земји. Енергијата ни станува огромeн проблем, со Русите по 10-ти почнуваме преговори за цената на гасот“, рече Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.