Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на утрешната седница на Советот за национална безбедност ќе се разговара за ефектите од војната во Украина, како и за сето она што се случува во Европа и светот, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ изјави дека Србија ќе преземе дополнителни мерки за обезбедување нафта и нафтени деривати и дека разговара „со нашите руски партнери“ за да ја спречи можноста за „изживување над Србија бидејќи мнозински сопственик на Нафтената индустрија на Србија (НИС) е руска компанија.
Гледаме како тоа да го надминеме, да не навредуваме никого, да не повредиме некого, а морме да ја обезбедиме иднината за Србија и да обезбедиме безбедност за секој човек и секое дете, изјави Вучиќ на денешниот предизборен митинг.
Тој ги повика сите во Србија, па дури и оние кои, како што наведе, го кажуваат најлошото за него, да бидат единствени и да бидат со Србија и нејзините сограѓани.
Вучиќ им порача и дека можат да очекуваат „сешто“.
Денес владата на Црна Гора, што не го направи ниту владата на Мило Ѓукановиќ, го забрани гласањето за нашите избори во Беране, Суторморе и Никшиќ, кажа тој.
Вучиќ додаде дека „Владата на Курти (владата на премиерот на Косово, Албин Курти) побарала од Србија да ја признае независноста на Косово за да се организираат (српските) избори таму.
Тие ќе го добијат нашиот одговор утре, а овде на северот на Србија, добро знаете каков одговор ќе добијат – ќе добијат одговор на одговорни и сериозни луѓе, но овојпат тоа ќе има далекусежни последици, кажа Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.