Кинеската авиокомпанија „Хаинан ерлајнс“ утринава, по четири години, ги обнови редовните директни летови на релацијата од Пекинг до Белград, а на слетувањето на првиот авион на белгардскиот аеродром „Никола Тесла“ присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Хаинан ерлајнс“, првично, ќе лета меѓу главните градови на Кина и Србија само во сабота, поради ограничувањата за корона вирусот кои сè уште постојат во Кина.
Вучиќ истакна дека Србија е прва во регионот која има директен лет до Кина и најави дека од септември или октомври и „Ер Србија“ ќе воспостави летови за Пекинг.
Ова е голема работа, пристигна авионот на „Хаинан“ А330-300, а од септември или октомври авионот А330-200 на „Ер Србија“ ќе биде малку помал, со 258 седишта. И ќе купиме уште еден А330 и можам да најавам уште една линија до Чикаго. Ќе ги поврземе Западот и Истокот и од бБелград ќе летаме секаде и во регионот – порача Вучиќ.
„Хаинан ерлајнс“ почна да лета од Пекинг до Белград преку Прага во септември 2017 година, но летовите беа прекинати на крајот на 2018 година.
Очекуваме до крајот на годината да потпишеме договор за слободна трговија со Кина со што ќе се отвори простор за натамошно унапредување на соработката – изјави Вучиќ.
Одговарајќи на новинарско прашање, Вучиќ изјави дека верува оти идната влада ќе биде влада која ќе се грижи за интересите на Србија и додаде дека тоа ќе биде српска влада која ќе работи многу на побрз пристап на Србија во Европската Унија, но дека сигурно нема да биде антируска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.