Се обидуваме да избегнеме „совршена бура“ и затоа разговаравме за дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и за други прашања, за тоа како која земја ја дочекува зимата и како која земја може да им помогне на другите, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со словенечкиот претседател Борут Пахор во Белград.
Клучното прашање, како што истакна Вучиќ, е поврзаноста на тешката енергетска состојба на претстојната есен и зима и сите дополнителни политички проблеми кои би можеле да настанат во регионот.
Го прашав Борут Пахор доколку е на дневен ред на некое тело на ЕУ, Западен Балкан да биде дел од финансиска поддршка или увозна струја или дел од потрошена струја. Сигурен сум дека можеме да сметаме на поддршката од нашите словенечки пријатели, особено затоа што не мислиме дека би можеле да добиеме колку земјите членки, но се што би можеле да добиеме би било значајно за безбедноста на снабдувањето со електрична енергија и за финансиската стабилност не само на Србија, туку и на други земји, држави кои се полоши од нас, рече Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.