Во Тирана се одржува првиот самит на земјите-членки на Европската унија и земјите од Западен Балкан, на кој по неколкудневна неизвесност присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој на новинарите во Тирана им порача дека е подобро да се биде „за масата отколку на масата“, јави дописникот на МИА од Белград.
Важно е, не само поради пријателството со Албанија и Отворен Балкан, секогаш е подобро кога сте на маса, оти ако не сте за масата. Тогаш обично сте на мени и ова е добра можност да ги чувате интересите на Србија – изјави Вучиќ, во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан.
Тој на новинарите им изјави дека Србија останува посветена на процесот на дијалог со Приштина и на процесот на европска интеграција, а во исто време штитејќи ги своите национални и државни интереси. Тој кажа дека дошол да го објасни ставот на Србија и да го слушне ставот на лидерите на ЕУ.
Јас сум реалист, тука сум да научам многу од луѓето од ЕУ, да ги слушам и конечно да ја објаснам позицијата на Србија.
Вучиќ повтори дека властите во Србија се свесни за обврските што ги презеле во рамките на евроинтеграциите, дека е свесен дека Србија се обврзала да ги усогласи своите одлуки со одлуките на Европската унија, но нагласи и дека територијалниот интегритет на Србија бил прекршен „на најлош можен начин во 1999 и 2008“ и дека и за тоа ќе разговара со претставниците на ЕУ.
На новинарско прашање да ги коментира критиките дека Србија е премногу блиска до Русија, Вучиќ рече дека Србија е независна земја на европскиот пат и така ќе остане.
Србија е независна земја. Ако на некои им е полесно да не критикуваат и да кажат дека сме блиску до Русија, тоа е она што Лајбниц го нарече ‘доволна причина’ – да критикуваш некого кога ништо немаш да додадеш – кажа Вучиќ.
Верувам дека сите прочитавте, а некои и напишаа, дека Србија во последните осум, девет месеци се подготвуваше, по инструкции на Руската Федерација, да нападне други земји на Балканот, да предизвика нестабилност и неизвесност. Ние тоа го демантиравме, не со изјави и декларации, туку со дела, порача српскиот претседател.
Вучиќ најави дека одделно ќе се сретне со премиерката на Италија и со премиерите на Холандија и Белгија.
Тој веќе се сретна со претседателката на Европската комиси ја, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Имав многу добар разговор со Урсула фон дер Лајен. Се заблагодарив за 165 милиони евра помош за српскиот енергетски сектор и разговарав за сите актуелни прашања меѓу Србија и ЕУ, напиша Вучиќ на Инстаграм, будуќностсрбијеав, со фотографија од средбата.
Разговарав и со мојот пријател Еди Рама за иницијативата Отворен Балкан и нашите заеднички прашања, исто така напиша Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.