Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој денеска присуствува на самитот ЕУ-Западен Балкан, ја акцентраше важноста на дијалогот Приштина-Белград, нагласувајќи дека „веќе е во нивни раце да почнат преговори, бидејќи германскиот предлог им е можност за тоа“.

Во однос на дијалогот Приштина-Белград, ова е важен момент, спорот за регистарските таблички е веќе надминат, тие треба да се вклучат во дијалог со предлогот што е ставен на маса и силната поддршка од Германија и Франција. Последниот текст беше испратен вчера до Белград и Косово и тие се оние кои треба да ги започнат сериозните разговори бидејќи имаат голема можност – рече тој.

На новинарско прашање дали еоптимист дека дијалогот ќе има успешна завршница во текот на следната година, рече дека е „многу сум активен околу тоа“.

Жал ми е, но не можам да ја споделам содржината на документот за договорот меѓу Косово и Србија. Мислам дека не треба да поставуваме вештачки рокови, важно е брзо да почнеме да работиме. Време е за работа, одговори тој.

Изразувајќи ја поддршката што им е дадена на Албанија и на Босна и Херцеговина, тој рече дека експерти на ЕУ во Албанија ќе помогнат во однос на кибер-нападите, а на Босна и Херцеговина ќе и бидат доделени 10 милиони евра за деминирање

Зборував со премиерот Рама, му понудив поддршка и нашите експерти се тука да и помогнат на Албанија да се соочи со кибер-нападите и хибридните закани кои доаѓаат како резултат на војната. Ќе и понудиме поддршка на Босна и Херцеговина за деминирање. Ќе дадеме 10 милиони евра за одредена акција за деминирањe, посочи Борел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.