За време на обраќањето на актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ,  на предизборен митинг во Чуруг, на една жена, која дошла да ја поддржи неговата кандидатура, ненадејно и се слоши.

Тоа беше причина Вучиќ да го прекине својот говор, веднаш се симна од бината и отиде да провери како е жената која добиваше помош од брзата помош.

Поместете ги транспарентите, да можат луѓето да дишат. Оведе има лекар – побара Вучиќ.

Брзо потоа тој ги смири присутните со позитивни вести.

Ќе биде се во ред, не се секирајте. Браво за госпоѓата, веќе и е подобро – истакна Вучиќ.

Откако се увери дека навистина се е во ред, Вучиќ се врати на бината.

Е, сега можам со сигурност и со мирна душа да каам дека се е во ред – изјави српскиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.