Српскиот претседател, Александар Вучиќ, е во посета на Кнежевството Монако.

За време на средбата, претседателот Вучиќ присуствуваше на потпишувањето на Рамковниот договор за соработка меѓу Кнежеството Монако и Република Србија, а потоа принцот Алберт Втори од Монако му го врачи на претседателот Вучиќ Орденот – Големиот крст на Редот Свети Карло.

Вечерта Александар Вучиќ и принцот Алберт Втори присуствуваа на операта „Вертер“, по повод одбележувањето на стогодишнината од смртта на Алберт Први од Монако, а од настанот, претседателот на Србија објави фотографии на Инстаграм.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.