Односите меѓу Македонија, Албанија и Србија никогаш не биле подобри, изјави за медиумите српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во Давос е дел од годишниот состанок на Светскиот економски форум.

Луѓето мислат дека треба да бркаме некого за да го оправдаме нашето постоење. Не мораме. Ги поканивме сите. Задоволни сме со тоа што го имаме, би сакале да имаме повеќе, но задоволни сме. Имаме добра соработка со сите. Кој сака соработка, сака, кој сака, добредојден е и толку, рече Вучиќ зборувајќи за „Отворен Балкан“.

Тој потенцираше дека има голем пад на популарноста на ЕУ не само во Србија, туку и во Македонија.

Ако сакаме да одиме во ЕУ, потребен ни е билатерален пристап. Треба да чувствуваме почит, рече претседателот на Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.