Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска соопшти дека го информирал американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, за последната рунда разговори меѓу Белград и Приштина во Брисел и истакна дека Србија останува искрена посветени на дијалогот и на мирно решавање на сите отворени прашања.

По средбата со Хил, Вучиќ на Инстаграм објави дека со американскиот амбасадор ја споделил загриженоста на Србија за безбедноста на Србите на Косово во светлото на последните случувања, заблагодарувајќи им се на САД за нивната вклученост во смирувањето на тензиите и спречувањето на понатамошна ескалација.

„Србија останува искрено посветена на дијалогот и на решавање на сите отворени прашања мирно и со добра волја, со цел да се зачува тешко стекнатиот мир и стабилност на целиот регион“, изјави Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.