Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека стапил во контакт со Новак Ѓоковиќ, кој е во притвор на аеродромот во Мелбурн.
Ѓоковиќ повеќе од шест часа е на аеродромот, каде му ја проверуваат документацијата за медицинското ослободување од вакцинацијата против коронавирус, кое претходно му било гарантирано, но потоа настанал проблем со соодветната работна виза.
Вучиќ се огласи на Инстаграм каде изјави дека државата ги презема сите мерки за да престане малтретирањето на Ѓоковиќ.
Само што го завршив телефонскиот разговор со Новак Ѓоковиќ. Му кажав дека цела Србија е со него и дека нашите власти ги преземаат сите мерки за што пократок период да го запрат малтретирањето на најдобриот тенисер во светот. Во согласност со сите норми на меѓународното јавно право, Србија ќе се бори за Ноле, за правда и вистина. Инаку, Новак е силен, таков каков што сите го знаеме – објавил Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.