Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска по повод Денот на државноста на Србија им додели одликувања на заслужни поединци и институции.

Претседателот го одликуваше и холивудскиот актер Џони Деп.

Ова е навистина несекојдневен момент за мене и многу сум горд. Имав можност, пред многу години, кога запознав еден многу чуден човек, кој штом го видов, знаев дека не припаѓа на Холивуд… Кустурица стана брат, неговото семејство стана мое, ги гледав неговите деца како растат. Тоа беше врска што ја создадовме од првиот ден. Кустурица го кажува она што го мисли, а тоа ми се допаѓа кај него. Она што е прекрасно овде е тоа што луѓето мислат дека целта е да се искористи моментот. Верувам дека има многу таленти што ќе ги најдеме овде и со нетрпение очекувам да бидам дел од тоа“, изјави Џони Деп и додаде:

Навистина сакам да ви се заблагодарам, претседателе Вучиќ, мило ми е што ми ја укажавте таа чест. Моето искуство со луѓето во Србија, сосема нов живот. Ми се допаѓа овој почеток и би сакал тој почеток да започне токму овде. Бидете благословени. Ја прифаќам оваа голема чест и никогаш нема да ја изневерам, изјави Џони Деп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.