Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со специјалниот пратеник на Сојузна германска Влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин, на која се разговараше за економската соработка и билатералните односи, европската интеграција на Србија и регионалната ситуација, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ посочи дека Србија уште поинтензивно ќе продолжи да го следи својот европски пат и изрази очекување дека ангажманот на специјалниот пратеник Сарацин ќе даде дополнителен поттик на соработката меѓу земјите од Западен Балкан, што значително ќе придонесе за зачувување на мирот и стабилноста во регион.
-Србија е силно ангажирана во сите активности организирани во рамките на Берлинскиот процес, а иницијативата Отворен Балкан претставува уште еден проактивен пристап на нашата земја кон регионалната интеграција, нагласи Вучиќ, додавајќи дека е клучно овие напори да бидат препознаени во Европската унија, како на земјите од регионот им се даде потик и охрабрување на европскиот пат, се наведува во соопштението од кабинетот на срспкиот претседател
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.